Автобус со туристи од Србија каменуван во Македонија

Автобус со српски автобус кој се враќал од Грција бил каменуван од група малолетници кај надвозник во Македонија, известуваат српските медиуми.

Точната локација не е позната но како што пишува во објавата се место на половина час пред српска граница.

– Вечерва на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме гаѓани со камен право во стаклото кај возачот.

За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени.

Ние подоцна беа известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и дека ова е често.

Ете само да го укажам на возачите да внимаваат при минување под надвозникот низ Македонија, пишува на фејсбук страницата „Во живо од Грција“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде