Балканот во шок: Четворица малолетници oд едно село си го одзеле животот, мештаните се сомневаат на секта

По смртта на малолетниот Д.П., кој бил погребан на локалните гробишта Св. Марко во градот Јардол, локалниот портал Centralna.ba објави сторија за смртта на малолетниците.

Локалната полиција во округот Централна Босна и Обвинителството овој случај го третираат како случај на самоубиство. Сепак, по неговата смрт е отворена заедничка истрага за низа идентични случаи.

„Во соработка со надлежното Жупаниско обвинителство за овие случаи, полициските службеници ги презедоа мерките и дејствијата пропишани со закон“, се наведува во соопштението на МУП на округот Централна Босна.

Првото самоубиство е забележано на 12 август 2021 година, кога го извршил шеснаесетгодишен млад човек. Втората жртва е седумнаесетгодишно девојче кое, според медиумите, се самоубило со огнено оружје на 15 октомври минатата година, а на 16 април се самоубило петнаесетгодишно момче од истото село.

Жителите на Јардол, каде според последниот попис има само 600 жители, се во шок и одбиваат да дадат изјави во јавноста. Неофицијално посочуваат дека се загрижени и вознемирени и се сомневаат во секти.

Локалните медиуми јавуваат дека двајца малолетници се обесиле, еден се задушил со торба, а друг се застрелал.

Првиот човек на Витез, Борис Марјановиќ изрази загриженост и очекување овие случаи да бидат расветлени. „Тоа треба да се истражи. Се повторува. Би било најсреќното решение доколку успееме да ги најдеме причините“, изјави Марјановиќ.

Локалниот свештеник во Витез, Велимир Баврка, оценил дека смртните случаи во Јардол се резултат на многубројната негативност во Босна и Херцеговина и отуѓувањето на семејствата, мајките и татковците од нивните деца.

„Зборуваме за последиците, но треба да ја најдеме причината. Причината е што се оддалечивме од добрите работи. Погледнете ги приказните во Босна и Херцеговина, какви се тие? Сите напаѓаат секого“, рече Баврка, објави Индекс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде