Измерени 201 киломентри на час: Разорни ветрови и поројни врнежи од дожд – Ураганот „Идалија“ ја погоди денеска Флорида

Ураганот од трета категорија „Идалија“ ја погоди денеска Флорида, откако предходно милиони луѓе беа евакуирани во очекување на поплави опасни по живот.

Засилувајќи се над топлите води на Мексиканскиот Залив, Идалија го погоди северозападниот брег на таа сојузна држава со разорни ветрови и поројни врнежи од дожд што можат да предизвикаат поплавен бран висок до пет метри.

Идалија го погоди копното во 7 часот наутро во Китон Бич, крајбрежна заедница од 13 илјади жители на околу 120 километри југоисточно од главниот град Талахаси.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа пороен дожд и паднати столбови за струја.

-Ураганот Идалија зајакна до категорија четири од максимални пет, пред да ослабне до категорија 3 наутро со ветрови од 201 километар на час, објави Националниот центар за урагани во Мајами.

Секоја бура што ќе достигне категорија три се смета за опасен ураган.

Повеќето од 21 милион жители на Флорида и соседните Џорџија и Јужна Каролина се под тревога, а во сите три држави е воведена вонредна состојба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде