Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче.
-Сите 664 првачиња од основните училишта од Општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна.
Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата.
Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите ние и локалната самоуправа и раководителите на образовни институции,
за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца, вели градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.