Страотна сообраќајка: Возило излетало од патот, тешко повредени се и малолетници

Вчера во 08.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу село Врбјани и село Сливово,

патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Б.М. од село Долно Свиларе, скопско, излетало од патот, извести МВР.

– По несреќата, возачот Б.М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза, а сопатниците Х.М.(44) и еден малолетник, двајацта од с.Долно Свиларе, биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Притоа, на Б.М., Х.М. и двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде