Тажни фотографии: Погледнете што остави зад себе силното невреме во Прилеп

Невремето кое се случи во Прилеп и околината проследено со силен северен ветар, интензивен пороен дожд, а на некои места и град, нанесе голема штета на земјоделските површини и култури.

Како што информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најмногу врнежи од град со големина на лешник паднале во месноста „Заград“, село Мажучиште како и во село Мало Коњари.

– Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – Подрачното одделение во Прилеп,

заедно со комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп – истакна Ангелов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде