Тешка сообраќајна несреќа, пет лица пренесени во болница

На 29.08.2023 08.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Врбјани и с.Сливово,

патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(48) од с.Долно Свиларе, скопско, излетало од патот.

По несреќата, возачот Б.М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза,

а сопатниците Х.М.(44) и еден малолетник, двајцата од с.Долно Свиларе, биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Притоа, на Б.М., Х.М. и двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде