Тешка сообраќајна несреќа, 18-годишно момче итно пренесено во болница

На 28 август околу 20.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, 18-годишниот М.С. од Прилеп,

управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.

– По несреќата, М.С. бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде