Македонија тагува: Почина докторката Александра Лазарова од ГАК
Почина докторката Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.
– Со огромно жалење ве известуваме дека почина нашата почитувана доц. д-р Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство од УГАК.
Искрено сочувство до семејството,пријателите,колегите и многубројните пациенти.
Ќе ве паметиме по вашата човечност и отвореност за помош и едукација на помладите колеги во секое време, објавија од Асоцијација на специјализанти и млади лекари (АСМЛ).