„За сите кои дебатираат дали сум жив или мртов“, објавена е последната снимка на Пригожин

Се тврди дека последното обраќање на Пригожин осамнало на социјалната мрежа Х додека тој бил на пат за Русија.

Да потсетиме, лидерот и основач на групата Вагнер Евгениј Пригожин загина минатата среда во авионска несреќа. Освен него, загинаа уште девет лица, меѓу кои и самиот врв на таа паравоена организација.

Авионот на Пригожин полетал од аеродромот во Москва и требало да лета за Санкт Петербург, но се урнал за околу половина час.

Официјална Москва тврди дека ги идентификувала посмртните останки на Пригожин, по што тој бил погребан на гробишта во Санкт Петербург, во присуство на неговото семејство и силно обезбедување.

Меѓутоа, откако веста за неговата смрт со брзина на светлината се рашири низ светот, не престануваат шпекулациите за тоа дали е мртов или не, особено што се знаеше дека имал гајлеџии и дека често во последен момент одлучувал кој авион со кој би летал.

Масло на таков оган долеа објава на социјалната мрежа Х, која се појави денеска, во која Пригожин вели: „За сите оние кои се прашуваат дали сум жив или не…“

Како што е објаснето, ова е последното обраќање на лидерот на групата Вагнер, во моментот кога од Африка се враќал во Русија.

„За сите оние кои се прашуваат дали сум жив или не, и како ми е… Сега е викенд, втората половина на август 2023 година. Самиот сум во Африка, па фанатиците кои размислуваат за мојата ликвидација заради нешто… Се во ред рече Пригожин и замавна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде