Пристигна тажна вест: Почина девојчето кое беше прегазено, а возачот избега

Малолетничката која беше прегазена завчера на булеварот „Борис Трајковски“ починала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Министерството за здравство за „Фокус“ потврди дека девојчето починало, иако било веднаш оперирано по приемот во болница.

– На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје,

патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приведени се осомничени лица во врска со настанот, претходно објави МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде