Важна информација за граѓаните: Се воведуваат нови платежни картички

Од овој месец банките би требало да ги информират граѓаните за новите опции при отворање сметка, објави Фактор.

Со законските измени, новина во нашиот банкарски систем е воведувањето на платежна сметка за основни функции.

Притоа законодавецот утврдил дека за одржување на ваквата сметка, банките нема да семат да наплатуваат повеќе од 34 денари месечно, а доколку корисник на ваква сметка е примател на некаква помош од државата, тогаш банките не смеат да наплатуваат никаков надоместок за одржување на сметката.

–  Со Законот за платежни улсуги и платни системи се предвидува можност граѓаните да отворат т.н. платежна сметка со основни функции.

Со дебитната картичка која ќе им се издаде при отворањето на сметката, граѓаните можат неограничен број на бесплатни платежни трансакци, на пример во трогвијата, како и да извршта минимум пет платежни трансакции со платен налог, вклучувајќи и траен налог, доколку примателот на средствата има смета во истата банка.

Сите овие услуги ќе бидат покриени со месечниот надоместок кој не смее да биде повисок од 0,1 отсто од просекот на просечните исплатени нето плати во земајта во претходните 12 месеци (околу 34 денари во моментот).

Притоа, важно е да се напомене дека доколку граѓаните примаат на пример издршка, парична помош од социјална заштита, додаток за привремена невработенсот, додаток за дете,

стипендија или слично, з акористењето на наведените платежни услуги преку платежна сметка со основни функции, банката не е дозовлено да пресметува и да наплатува надоместок – објаснуваат од Народна банка на Македонија за Фактор.

Целиот текст на ФАКТОР прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде