Вонредна вест: Полицијата упадна на Клиниката за онкологија

Во тек е полициска акција на Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат акцијата, но не откриваат повеќе детали.

Оттаму најавија дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата. Неофицијално, од Онкологија се одземени компјутери и документација.

„По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за

обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, велат од ОЈО, пренесува „А1он“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде