Доколку детето нема симптоми на инфекција или болест, а со брис од нос и грло се пронајде бактерија,
не треба да прима антибиотик, објаснува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог од Институтот за микробиологија за „Деца.мк“.
Има само една ситуација, дополнува професорот, кога во ваков случај детето треба да прима антибиотик.
Ако детето не е болно, не се дава антибиотик. Никако. Има само еден случај кога може да се препише.
Тоа се прави ако се најде стрептококус пиогенес или бета хемолитичен стрептокок од групата А, а детето е склоно кон инфекции од него, или има други лица во околината склони кон инфекции.
Но, оваа бактерија ретко се наоѓа кај деца до 3 години. Во ниту еден друг случај не се дава антибиотик, објаснува проф. Пановски.