Голема трагедија: Во страотна сообраќајка загина младо момче

На 02.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Скопје – Хидроцентрала „Козјак“,

во близина на крстосница со локален пат за с.Брезница, скопско, С.К.(29) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде