Каевски убеден дека уставните измени ќе бидат донесени – откри и кога

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски е убеден дека уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината, односно дотогаш тој очекува да се заврши собраниската седница за уставните амандмани.

-Очекувам дека собраниската седница за уставните измени ќе заврши до крајот на годината и ќе заврши успешно со потребниот број од 80 пратеници за да се изгласаат уставните измени – изјави Дарко Каевски од СДСМ во “Тема на денот” на ТВ Сител.

Ваквиот исход вели Каевски, не е важен за за власта или за владеачкото мнозинство во Собранието, не е важна за Владата ниту за премиерот Димитар Ковачевски.

Донесувањето на уставите измени, додава Каевски, е важно за граѓаните.

– Уште минатата година кога опозицијата велеше дека 2023- та година ќе биде изборна година, дека ќе имаме предвремени парламентарни избори,

ние велевме ова година ќе биде година на уставни измени кои се важни за продолжување кон европскиот пат- вели Каевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде