Синоптичарите објавија: Следува голема промена на времето, дожд, силен ветер, ниски температури

Под влијание на влажен бран во текот на ноќта и утре ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=7

Во Скопје сончево, попладне со умерена, а кон крајот на денот со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 33 степени.

Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Се препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде