Д-р Беќаровски до колегите: Како само можевте да ги гледате во очи?

Докторот Нико Беќаровски уште еднаш се огласи на својот фејсбук профил за случајот Онкологија.

Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет.

Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.

Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.

Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.

А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ.

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, напиша др Беќаровски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде