Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала предмалку стресе делови од источна Македонија.
Според ЕМСЦ, Земјотресот е со епицентар во Благоевград, Бугарија на длабочина од 11 км.
Земјотресот се случил во 18:20, според македонско време.
На социјалните мрежи веќе се споделува дека земјотресот бил почувствуван во источниот дел од државата, односно во Делчево и околината.
Да потсетиме, серија земјотреси го тресат овој регион од рано утринава.
Сите земјотреси беа над 3 степени, а најсилниот беше 3,5.