Вчера почина познатиот Крсте С. Џидров, познат по прекарот Џиби.
Тој почина на 73 години и беше еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, а беше и скопска легенда.
„Нашиот сакан, нашиот скапоцен, нашиот единствен, нашето се‘, нашиот сопруг, татко, брат, зет, тетин, Kрсте С. Џидров – Џиби, не е веќе со нас.
Завесата падна.
Како понатаму без него?
„The show must go on“, напиша Марија Џидрова на својот Фејсбук профил.