Новинарката на Слободен печат Мирослава Симоновска, која со месеци известува дека една иста медицинска сестра, младата А.О. од Скопје (која на Клиниката за Онкологија е вработена од својата 18-та година),
била пријавена за кражба на цитостатици на Клиниката за Онкологија, е мета на притисок од медицинската сестра да не објавува повеќе за нејзиниот случај и ја обвинува новинарката за психолошка тортура, објави редакцијата на печатениот и електронски медиум.
И двете пријави за сестрата немаат судска завршница. Во меѓувреме таа ја обвинува нашата новинарка за психолошка тортура и врши притисок во иднина да се внимава како и што се објавува.
Инаку Слободен печат потсетува дека прв ја објави приказната и за неа пишуваше шест месеци пред предистражната истражната постапка на Обвинителството. На нашето прашање дали е надвор од државата одговор не добивме.
Редакцијата на Слободен печат ѝ понуди на медицинската сестра фатена со цитостатици во нејзиниот автомобил. да биде изнесено и нејзиното видување на настаните меѓутоа таа не се согласи.
„Целта на приватно испратената порака кон новинарката на Слободен печат, Мирослава Симоновска е да ѝ се укаже дека „претерала“ и да престане да пишува.
Медицинската сестра откако била вратена на Онкологија, психички притисок вршела и врз двете колешки кои што во 2020 година ги виделе ампулите цитостатици во нејзината ташна, па кога се вратила на работа им ги колнела децата пред цел персонал.
Ваквиот начин на комуникација, предизвикува вознемирување и претставува притисок кон тоа Симоновска да не известува за настанот. Иако во пораките нема експлицитни закани, медицинската сестра наведува дека знае оти новинарката е „мајка, сопруга, ќерка и внука“ и дека „за да ѝ се обрати на овој начин, тоа значи дека претерала“.
Пораките од медицинската сестра која крадеше цитостатици кон Мирослава Симоновска упатени ова утро, ќе ги објавиме во целост, во заштита на евентуални напади, закани или идни несакани дејства по нејзината безбедност“, се вели во објавата на Слободен Печат.
„Читам се, некогаш плачам, некогаш не јадам, некогаш не пијам. Се прашувам една работа, како имаш пправо некој на ваков начин да го повредуваш, најпрво психички. Не ме познаваш лично, пишуваш така можеби затоа што ти е работа па сакаш да бидеш интересна, можеби имаш нешто против мене (што не верувам бидејќи не сум човек што наштетува на друг човек, најлоша сум за себеси). Секој сноси последици за тоа што го прави, јас многу се носам со моите. Не ти пишувам за да те нападнам или да те навредам, бидејќи и да сакам не можам за никој тоа да го направам.
Меѓутоа, во животот не е се работа, јас сум во таа болница од мои 18 години, ако нешто научив тоа е дека во животот е најбитно здравјето. Мирослава, ако те интересира дали патам, патам многу. Штотуку мајка ми почина па се по ред. Многу работи пишувате меѓутоа малку треба да се има човечност. Кога веќе пишуваш за тоа можеби е добро да размислиш и малку кон мене да бидеш човечна. Те замолувам затоа што психички ме упропасти. Имаш можеби деца, можеби не, имаш сигурно фамилија. За да ти се обратам на овој начин верувај ми дека си претерала. Помисли дали тоа што го правиш е исправно или не, затоа што животот е круг, верувај ми се се враќа. Ти се обратив лично и најчовечно да те замолам да престанеш до волку психички да ме упропастуваш. Ти како еден човек, продолжи како сакаш и на кој начин сакаш. Повеќе немам што да кажам и ти си жена, мајка, ќерка, внука. Поздрав“.
Редакцијата на Слободен печат вели дека ќе продолжи да известува за евентуалната судска разрешница на случајот со медицинската сестра двапати фатена во кражба на лекови од најранливите, а случајот поради безбедност на својата вработена, ќе го пријави во МВР и во еснафските организации.