Автомобил виси на карпа, откако излета од патот кај националниот парк Галичица

На единствениот број за итни случаи 112 попладнево добиена е пријава излетано возило од патот кај националниот парк Галичица.

По спасувачката акција патниците се неповредени и извадено од возилото, кои уште виси на карпа.

„Насреќата се случила кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај м.в.Коритски Рид. Патничкото возило е марка волксваген.

РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР СВР Охрид и истите испратиле патрола на тој дел,

по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на карпа. Патниците се живи и здрави“, велат од ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде