Драматични сцени од Хрватска: Измерен ветер од над 140 км/ч (ВИДЕО)

На автоматската мерна станица Призна кај Сењ утринава е измерен ветер од над 140 км/ч, така што во Хрватска се уште е на сила највисокото предупредување, особено во областа под Велебит.

Портокалово предупредување е на сила за остатокот од брегот поради силна бура, каде се очекуваат налети кои би можеле да надминат 120 км/ч.

Државниот хидрометеоролошки завод ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за прекини, оштетувања на објекти и ризик од повреди поради откорнати дрвја, скршени гранки и отпад.

Не ја исклучуваат можноста за прекин на сообраќајот и снабдување со електрична енергија.

Читател од Макарска испрати видео од монтажна куќарка која ветерот ја подигна и ја фрли во зграда во изградба.

Таа раскажа како бурата носи се пред себе. Камион се превртел на бензинската пумпа во Макарска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде