Крајбрежниот регион на јужна Бугарија е погоден од обилни врнежи од дожд, што резултираше со големи поплави во туристичките места на Црното Море, јави ДПА.
Многу хотели и куќи денеска биле поплавени, јавуваат бугарските медиуми.
Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека излеа од коритото.
Според БТА во Царево загинале две лица. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.
Според извештаите поплавени се патишта, автомобили потонале во вода, а надојдената вода однела неколку мостови. Неколку поморски одморалишта се отсечени.
Неколку кампови во регионот исто така се поплавени, а автомобили и камп приколки биле однесени во морето. Летувачите биле донесени на безбедно, пренесе ДПА.
Во приморското одморалиште Синеморец прекинато е напојувањето со електрична енергија, а малото село Кости е евакуирано.
Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.