По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој бара одговорност за истрагата на Клиниката за Онкологија, со остра критика кон него се јави професорката Мирјана Најчевска.
Таа укажуваа дека премиерот е оној кој прв има легитимитет да побара одговорност од министерот и дека тој не треба да се крие позади медиумите барајќи одговорност, туку да повика на неа.
– Наместо да продава пуфки и да повикува на одговорност преку медиуми, човекот кој се нарекува премиер треба да го повика на одговорност министерот (член 13 и 30 од Законот за Влада).
Немало да ги штити министрите. Така ни вели. И тоа треба ептен да не израдува.
Очигледно човечето нема појма која позиција ја држи што му е работа – напиша Најчевска на Фејсбук.
Нејзиниот пост ви го пренесуваме во целост: