Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година.
На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ – нови бараки и трета зграда,
„Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп.
Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.
Во продолжение се листите.
„Гоце Делчев“ – Скопје
„Пелагонија“ – Скопје
„Стив Наумов“ – Скопје (нови бараки)
„Стив Наумов“ – Скопје (трета зграда)
„Томе Стефановски Сениќ“ – Скопје
„Хилјадников“ – Штип
„Логос“ – Штип
„Браќа Миладиновци“ – Штип
„Кочо Рацин“ – Битола
„Никола Карев“ – Охрид
„Орде Чопела“ – Прилеп