Најчевска жестоко распали по Ковачевски: Очигледно човечето нема појма која позиција ја држи

По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој бара одговорност за истрагата на Клиниката за Онкологија, со остра критика кон него се јави професорката Мирјана Најчевска. 

Таа укажуваа дека премиерот е оној кој прв има легитимитет да побара одговорност од министерот и дека тој не треба да се крие позади медиумите барајќи одговорност, туку да повика на неа. 

– Наместо да продава пуфки и да повикува на одговорност преку медиуми, човекот кој се нарекува премиер треба да го повика на одговорност министерот (член 13 и 30 од Законот за Влада).

Немало да ги штити министрите. Така ни вели. И тоа треба ептен да не израдува.

Очигледно човечето нема појма која позиција ја држи што му е работа – напиша Најчевска на Фејсбук.

Нејзиниот пост ви го пренесуваме во целост: 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде