Откако неколку дена наназад, метеорологот Славчо Попоски предупредуваше за поплави во Грција, утринава веќе ги објави првите фотографии од поплавите.
„Утринава во центарот на Волос, Грција!
Поплавите започнаа, а ова е само почеток и големите поплави во централна Грција допрва доаѓаат!“, напиша Попоски утрово на Фејсбук.
Еве што објави Попоски во последната метео прогноза:
Дo средината на оваа седмица, централниот дел од нашиот јужен сосед Грција буквално ќе биде потопен. Покрај екстремно количество на дожд се очекува и силен ветер, силни грмежи и појава на град.
Се очекува да наврнат од 200 до дури над 500 литри дожд, тоа можете да го погледнете и во најновото ажурирање на метеоролошката карта:
Токму ова е поради циклонот кој се наоѓа над Егејското море, но и поради загреаноста на истото.
Апелираме доколку нашите граѓани се наоѓаат во овој дел од нашиот јужен сосед веднаш да го напуштат истиот, и ги советуваме доколку планираат да патуваат овие денови кон Грција,
тоа во никој случај да не го прават и тоа поради очекуваното силно невреме кое ќе услови големи поплави кој би можеле да бидат и опасни по човечкиот живот.