Потег за почит: Стојанче Ангелов во 3 сабајле дошол да помогне во спасувачка акција на Водно!

Пост на Фејсбук страницата Боемот 2.0. Teкстот ви го пренесуваме во целост.

Потег за почит: Стојанче Ангелов во 3 сабајле дошол да помогне на Водно!

Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.

Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.

Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.

Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит.

Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен, стои во фб објавата на Боемот 2.0

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде