Скандал: Српска пејачка на вулгарен начин ја пее „Македонско девојче“

На интернет се појави видео од настапот на Рада Манојловиќ каде таа ја пее познатата песна „Македонско девојче“, но со навидум изменет текст.

Имено, наместо „китка шарена“ текстот од песната звучи како „ки*а шарена“(машки полов орган), што секако наиде на голема осуда.

Сепак, вистината е дека така испаднало бидејќи на сцената имале технички проблем, што Рада го потврдила за тамошните медиуми.

– Бидејќи гледам дека ова видео има огромен број прегледи, чувствувам должност да го објавам. Знаете дека никогаш не употребувам недолични и вулгарни зборови во моите песни, а камоли така да го отпеам најголемиот македонски хит – рече таа, па додаде:

– Точно е дека звучи така, но само затоа што микрофонот запрел во тој момент. Дали е кабелот или што, не знам, ама така е.

И тоа не се случи само на таа песна, пеевме и други во текот на вечерта, имавме проблем со кабелот и адаптерот, но секако, за жал, ја имав несреќата да се прекине токму на тој збор. .

Не сакам никого да навредам, знаете дека тоа не е мој стил – изјавила пејачката.

Инаку, на Јутјуб може да се слушнат и претходните изведби на оваа песна на Рада, а на нив ја пее песната онака како што била оригинално испеана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде