Автомобил излета од патот, две лица итно пренесени во болница

Вчера околу 22.45 минути  автомобил од марката „форд“ излета од патот Охрид-Кичево.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот и сопатникот кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

„На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца,

патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од Охрид, излетало од патот.

Притоа, возачот и сопатникот Е.Л.(19) од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде