Тешка сообраќајна несреќа, три лица итно пренесени во болница

МВР извести дека вчера во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Московска“ и „Женевска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел астра“,

управувано од М.Т.(22) од Скопје и „хјундаи акцент“, управувано од М.Ц.(56) од Скопје.

Во несреќата, М.Т. се здобил со тешки повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, додека М.Ц.(56) и неговиот сопатник Х.П.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди,

констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде