Јанаки Митровски жестоко распали по Апасиев: Кариерата ја почна во Сорос, а сега шиканираш 18-годишни деца како соросоиди

Откако ги узурпира и вулгаризира протестите во Скопје за случајот Онкологија, Димитар Апасиев од Левица, на социјалните мрежи, засилува со невиден говор на омраза и повикува на насилство.

„А бе лешпери смрдени (соросписко-вмроидни-џабировски)… На детето од Црвена младина, шо го уапсија џандарите вчера, МАЈКА му има умрено од рак!!!

И немој да ми морализирате за пцовки, оти времето на политичката коректност помина! Бидете среќни шо уште само ве пцуеме, оти следниот пат на клоци ќе ве извадиме.

p.s. Не еден. Два ќе пушите!“, објави на Фејсбук Апасиев.

На преземената објава од Апасиев, адвокатот Јанаки Митровски во коментар одговара дека Апасиев кариерата ја почнал во Сорос:

Сорос дебатен клуб, Младински Образовен Форум, а сега шиканира млади 18 годишни деца од МОФ како соросоиди.

„Па Димитар кариерата ја почна во Сорос: Сорос дебатен клуб, Младински Образовен Форум. …

Дур ти паша биди соросоид после тоа шиканирај 18 годишни деца од МОФ како соросоиди… “, пишува во коментарите Митровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде