Во вчерашните два терористички напади во Мали загинаа најмалку 64 лица, од кои 49 цивили и 15 војници.
Одговорноста за нападите ја презеде група поврзана со Ал Каеда.
Цел на едниот напад бил чамецот Тимбукту на реката Нигер,
а на вториот напад бил извршен врз воена позиција во градот Бамба, северно Мали.
Поради жртвите од денеска во Мали прогласена е тридневна национална жалост.