Училиштето именувано „Македонија“, чии училници ќе ги носат имињата на македонските градови, ќе започне со настава на 11-ти септември годинава во турскиот град Малатија, информираат од Стопанска комора на Македонија-Турција.
Училиштето е на површина од над осум илјади метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите во Македонија.
Објектот кој го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на двете држави, е изградено со донацијата од еден милион евра,
во која учествуваа членките на МАТТО и Црвениот крст, донација со која се изгради едно од стотината урнати училишта во разорниот земјотрес во реонот Малатија и е
круна на сите активности на поединци и организации со цел да се помогне на турскиот народ по природната катастрофа што се случи на шести февруари, велат од комората.
Извор: Канал 5 телевизија