На 09.09.2023 во 04.30 часот во Гевгелија на ул.„С.М.Данко“ патничко моторно возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(18),
удрило во паркирано патничко моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(20), а со телесни повреди се здобила Н.Ш. и сопатничката Л.А.(18), сите од Гевгелија,
констатирани во здравствена установа во Гевгелија, информираа од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.