Утрово регистриран земјотрес во Македонија

Утрово во Македонија е регистиран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер.

Eпицентарот е во близина на Кичево.

Длабочината на земјотресот e 15 км.

Да потсетиме, во околината на Благоевград вчера во 8 часот и 25 минути по бугарско време е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на земјотресот бил на длабочина од 0,6 километри.

Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала и се случил на 14 километри од Благоевград.

Земјотресот беше почувствуван и во источна Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде