Мечка влегла во домот на екс пратеник од СДСМ: Умоболни бирократчиња ја штитат мечката, но не и населението

Екс пратеникот од СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.

-Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението.

Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца.

Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме.

Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде