Екс пратеникот од СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.
-Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението.
Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца.
Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме.
Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.