Нов удар по џебот на граѓаните: Следува големо поскапување на кромидот

Кромидот, еден од најпопуларните и најчесто користени зеленчуци во македонската кујна, може наскоро да стане луксуз за сите нас.

Според некои проценки, килограм кромид есенва може да стаса и до 120 денари за килограм, бидејќи Индија – најголемиот извозник во светот, која покрива голем дел од глобалниот пазар,

а од каде набавуваат и македонските пазари, воведе извозен данок од 40 отсто.

Очигледно оваа одлука на Индија ќе има директно влијание врз цената на кромидот во Македонија, бидејќи, како што посочуваат познавачите, земјава увезува околу 30 отсто од потребниот кромид.

Останатиот дел се произведува локално или се увезува од соседните земји како Србија и Албанија.

Во моментот цените на кромидот на зелените пазари се повторно прифатливи – белиот чини 70, а црвениот и над 90 денари за килограм.

Но, според земјоделците, ова е само привремена состојба и цената ќе почне да расте со зголемувањето на побарувачката.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Денар.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде