Страотна сообраќајка: Се снимал за Фејсбук, па преминал на спротивна лента и удрил во две мали деца

Мајка и две деца од Италија се повредени кога во нивното возило удрило Ауди, чиј возач се снимал за социјалните мрежи.

Возачот во Аудито удрил директно во Нисанот во кој биле мајката со две деца (10 и 6). Девојчето (6) со хеликоптер било пренесено во болница во тешка состојба, но нејзиниот живот не е во опасност, јавува Раи њуз.

Судирот се случил на патот кон Алатрија во Италија.

На вознемирувачко видео кое кружи на интернет, се гледа како возачот на Ауди, за кое се вели дека тогаш било снимено за социјалните мрежи, преминува на спротивната лента и се упатува во возилото што доаѓа од спротивната страна.

Карабинерите се уште го истражуваат судирот, но од првите реконструкции се чини дека човекот кој го управувал Аудито ќе треба да одговара за „обид за убиство од возило“.

По судирот, снимката не е прекината, но се слуша очајнички крик на жена која моли за помош и плач на девојче.

Според медиумите, возачот снимал за Фејсбук кога се случила несреќата.

Пожарникарите морале да интервенираат за да го извлечат семејството од возилото.

Мајката и синот се пренесени во болницата во Алатри: не се тешко повредени, додека возачот на Ауди поминал само со гребаници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде