Грчката полиција попладнево одговори на пукањето во областа Артемида во кое загинаа шест лица, соопштији полицијата.
Според првичните информации, инцидентот вклучува пресметки меѓу криминални групи во кои загинаа шест лица. Во возилото биле тројца.
Инцидентот се случил на улицата Арион и на местото е испратена брза помош со мобилна единица со спасувачи и лекар кој наводно потврдил дека застреланите лица починале.
Подигната е узбуна, додека на терен се силни полициски сили, јавуваат локалните медиуми.
Во тек е истрага. Спасувачите и брзата помош се на терен.
Грчки „Њуз 24/7“ јавува дека загинатите биле пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички.
#Ελλάδα: Φωτογραφία-ντοκουμέντο από το αιματοκύλισμα- Στους 6 οι νεκροίhttps://t.co/X8F14qZkfR #Greece pic.twitter.com/bpSYMAAkjZ
— OMEGAlive (@OMEGAlivecy) September 11, 2023