Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски се огласи преку социјалните мрежи по повод вчерашниот подарок на претседателот на КФМ, Перо Антиќ во српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според објавата, Георгиевски е изреволтиран од симболот на патиките.
Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија.
Симболот од кој се тресевме до 2001, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Љубчо на Фејсбук.
Колку за потсетување, Антиќ вчера се сретна со Вучиќ, кој беше во Скопје по повод учеството на процесот Брдо-Бриони.
Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.