Голем пожар беснее во Македонија, на терен тргнаа три Ер Трактори!

Пожарот кој вчера започна во атарот на с. Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ.

Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови.

За жал една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре.

Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон с. Бељаковце полетаа трите ер трактори на ДЗС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде