Груби: Со овие промени во К3 Никола Груевски не може ниту да сонува враќање во Македонија

„Со овие промени во Кривичниот закон Никола Груевски не може ниту на сон да си го види своето враќање во Македонија.

Со тие промени не може ниту да се иницира, ниту да се замисли неговото враќање во Северна Македонија.

Тоа е невозможно, бидејќи влијаењето на изменетите членови на Кривичниот закон врз обвиненијата кон Груевски и врз претходните одлуки е сосема минорно.“ – рече вицепремиерот Артан Груби во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан Македонија.

Сепак, на поставеното прашање дали дали Груевски може да оствари корист од оваа законска промена, Груби одговори потврдно дека изменетиот член од Кривичниот законик беше дел од обвинението против него: 

„Тој член беше дел од обвинението, но не само против Никола Груевски, туку и кај најголемиот број такви случаи, кои се повикуваат на членот 353.

И тоа не само на членот 353 за злоупотреба на службената положба, туку и за други случаи како што е 394, или изборните членови…“ – објасни, меѓу другото Артан Груби.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде