Хрватската општина Подтурен неодамна постави видео надзор на сите три гробишта, по што следеа шокантни наоди, јавува ХРТ.
Многу брзо, една жена е снимена како доаѓа на гробиштата среде бел ден и става цвеќе во торба. Потоа беше снимен друг како го прави истото.
Не можевме да утврдиме за која се работи, па решивме да го објавиме на веб-страницата на општината, нека видат, некој ќе ја препознае.
Помина одредено време, бидејќи лицата не се од нашето подрачје туку од други општини – објасни Перица Хајдаровиќ, градоначалник на општина Подтурен.
Едно оштетено семејство решило да го тужи крадецот, додека сопствениците на друг гроб зазеле став дека јавното посрамотување е доволна казна.
Камерите снимиле и како поединци на гробиштата полнеле тракторски прскалки со вода од по неколку стотици литри, па на општината ѝ станало јасно зошто при некоја работа на терен добиваат големи сметки за вода.