Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска која до крај на октомври ќе заокружи две години од своето владеење почнала со собирање на потписи за формирање на партија, објави Фокус.
Според пристапницата со која располага Фокус, партијата ќе го носи името „Правда“,
а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49,
адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник во сенка Драган Митковски.