Македонскиот автопат до Грција, беше причина за жестока дебата во фејсбук групата „Грција инфо“.
Српските туристи кои поминувале низ Македонија на пат кон Грција, се жалат дека автопатот во Македонија на некои места воопшто не е безбеден.
Многумина се приклучија на критиките, а има и такви кои ги советуваат сограѓаните да патуваат преку Бугарија.
Секако, има и членови кои немале толку лош впечаток, па ја бранеа Македонија дека има евтини патарини и гориво.
Извор: Фактор.мк