Фејсбук пост на Викторија Серафимовиќ кој ви го пренесуваме во целост:
Кратка хорор приказна за Citroen AВТОНОВА
Драги пријатели, на ден 18.03.2021 год, дигнав кредит и купив ново возило Citroen C3 во овластениот салон Автонова кое имаше 2 години гаранција.
На ден 18.11.2022 година истото ми се запали на паркингот на мојата адреса.
Ја знаете процедурата, пожарна, полиција, па увидна полиција па чекање записник околу тоа дали пожарот е предизвикан од трето лице или настанат од самото возило.
Тадааааа ПОЖАРОТ НЕ Е НАСТАНАТ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И НЕ СЕ НАЈДЕНИ ЗАПАЛИВИ МАТЕРИИ во возилото кое поради короната имаше поминато само 3000 km.
Муабетот ми е, откако го добив записникот, се обратив до Citroen и телефонски и по маил и по пошта. Таков безобразлук претпоставувам по наредба немам видено ни кога не ми биле ок некои патики, а не па кола.
Вработените се правеа мртви и немав никогаш никаков одговор.
Се обратив и до газдата, не само што не ми одговори, туку ме блокираше
Чукнав на неколку врати но сите креваа раменици.
Едноставно во ваква ситуација државата НЕ ве заштитува на ниту еден начин.
Кога го купував возилото, вработените беа максимално ангажирани дури и за бојата. Кога ми изгоре, истите се правеа мртви.
Нормално дека за се што кажав имам докази и стојам зад секој збор.
Доброто го победува злото, ама не и во Македонија.
Заобиколете ги, пошто ова може да му се случи на секој.
Рати плаќаш кола немаш, само и само во Македонија драги пријатели
Во меѓувреме додека немаш кола, возиш туѓи или се снаоѓаш како знаеш, никој ништо не го интересира.
Ваква СТОКА што не превзема никаква одговорност и се прави луда на ПИСМЕН ДОКУМЕНТ од државата, мајка не раѓа.
10 месеци се поминати, не ме примија на ниту една средба, иако барав многу пати. Во Автонова може и слика моја ставиле за забранет влез, пошто они продаваат сладолед.
п.с. За да дојдете до записникот Ви треба адвокат по ново, ако немате пари да го платите-умрете !
ДЕЧКИ, ПИШАВ И ВО ФРАНЦИЈА МИ ОДГОВОРИЈА ДА СИ СЕ ОБРАТАМ ДО НАДЛЕЖНИОТ САЛОН ВО МК, ОДНОСНО АВТОНОВА, напиша Викторија на ФБ.