Апасиев открива: По амнестијата на корумпираните елити со ЕУ знаменце, ќе следи итно носење на овој закон

Пратеникот и професор Димитар Апасиев, веќе препознатлив по своите радикални изјави и ставови. 

Денеска со нова објава на неговиот Фејсбук профил. 

Апасиев вели дека по изгласувањето на измените на Кривичниот закон со поддршка од ЕУ знаменцето, наскоро ќе има и закон за „поткуп на медиумите“. 

– По амнестијата на корумпираните елити од СДС-ДУИ-ДПМНЕ со ЕУ знаменце, ќе следи итно носење на законот за ПОТКУП НА МЕДИУМИ (исто со европско знаменце).

Со овој договорен шверц во Собрание, петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат) ќе добијат над 10 милиони ЕУР за владини реклами и со тоа нивните муциња ќе бидат затнати за да го пренесуваат народниот револт.

p.s. Напрајте си принт скрин од постов, за да не го репостирам у наредниов месец дена, кога “пророштвото” ќе се оствари – напиша Апасиев на Фејсбук. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде